Убавка Петков
Претприемач, лидер и визионер во beauty индустријата

Со високо образование и 18 години претприемачко искуство во Македонија, посветена сум на развојот, унапредувањето и промоцијата на професионалната beauty индустрија. Како увозник и генерален застапник на брендот MAKEAR, континуирано работам на градење квалитет, доверба и препознатливост на пазарот.
Основач сум на Beauty Awards Macedonia - манифестација која ги препознава, вреднува и афирмира квалитетот, убавината, професионалноста и талентот во beauty индустријата.
Преку своето долгогодишно искуство, изразени лидерски способности и одлично познавање на пазарот, се залагам за создавање нови можности, поддршка на женското претприемништво и поттикнување на професионалниот развој. Верувам во моќта на визијата, истрајноста и континуираното учење, како и во важноста на поврзувањето, соработката и меѓусебната поддршка.
Мојата професионална мисија е да создавам вредност, да инспирирам со личен пример и да придонесувам кон општество во кое жените имаат можност да го развијат својот потенцијал, да бидат препознаени по своите квалитети и храбро да ги остваруваат своите амбиции.
Сите членови